Ракометарите на Јехона забележаа победа на гостувањето во Гевгелија кај екипата на Партизан Гевгелија со конечни 34-30 и се пласираа во плеј-офот во Првата лига.
Јехона од почетокот на натпреварот беше во водство и на пауза замина со предност од 16-10. Во вториот дел Јехона ја завери победата против Партизан Гевгелија.
Најефикасен во екипата на Јехона беше Стефан Бошковски со осум погодоци, додека кај екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Горан Лисичков со 11 погодоци.
(фото-Рк Јехона)📷