Екипата на Јехона за продолжението во плеј-аутот од Првата лига, доби засилување на лево крило.
Станува збор за довчерашниот заменик тренер Радислав Стрезовски, кој има 29 години и настапува на позиција лево крило.
Тој пред три години стави крај на ракометната кариера, и стана заменик тренер на Јехона, а сега одново ќе го гледаме во тимот од Гостивар.
Стрезовски дебитираше во дресот на Јехона, на натпреварот против Партизан Гевгелија, каде тимот од Гостивар забележа победа со 32-27. Левото крило на овој натпревар немаше погодоци.
(фото – Рк Јехона)📷