Екипата на Јехона го освои “Гостивар турнир 2023”, во машка кадетска конкуренција што се одржа во Гостивар.
Во финалето Јехона го совлада Вардар Неготино со 36-32. Во натпреварот за третото место, односно за бронза, тимот на Куманово славеше против Аеродром со истиот резултат 36-32.
Јехона во полуфиналето беше подобра од Аеродром со конечни 44-42, додека составот на Вардар Неготино беше сигурен против Куманово со резултат 31-26.
Најкорисен играч, односно МВП на турнирот беше Ерлис Селмани од Јехона, додека најдобар стрелец беше Новица Михајлоски исто така од Јехона, а најдобар голман беше Иван Младенов од Вардар Неготино.
(фото – Рк Јехона)📷