Екипата на Јехона запиша победа во Првата лига, откако на домашен терен го совлада Кичево 2020 со минимални 28-27.
Иако на полувреме Јехона имаше предност од 16-12, сепак на крајот од натпреварот славеше со минимална предност против Кичево 2020.
Најефикасен во редовите на Јехона беше Адис Салиу со осум гола, додека кај Кичево 2020 најефикасен беше Јован Атанасовски со девет гола.
(фото – Рк Јехона)📷