Ракометарите на Јехона ја забележаа првата победа во плеј-аутот од Првата лига, откако на домашен терен ја совладаа екипата на Партизан Гевгелија со 32-27.
Јехона од почетокот на натпреварот имаше водство, па на пауза замина со предност од 15-12. Во второто полувреме Јехона продолжи исто како во првото полувреме со играта, па на крај да слави победа против Партизан Гевгелија.
Најефикасни во тимот на Јехона беа Виктор Марковиќ и Михајло Живкоски со по седум гола, додека кај екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Иван Велев исто така со седум гола.
(фото – Рк Јехона)📷