Екипата на Јехона и општина Гостивар беа домаќини на турнир во женска пионерска конкуренција, “Гостивар турнир 2022”.
На турнирот учествуваа четири екипи и беа одиграни утакмици секој со секого. Учесници на турнирот беа Пелистер од Битола, Јехона од Гостивар, Чаир од Скопје, Кале од Кичево.
Победник на овој турнир беше екипата на Пелистер, второто место го освои тимот на Јехона, третото место го освои тимот на Чаир и четвртото место го презеде тимот на Кале.
(фото – ЖРК Јехона)📷