Екипата на Јехона е на чекор до плеј-офот во Првата лига, откако го совлада тимот на Текстилец со 27-24.
Јехона од самиот старт го презеде водството, па на пауза замина со предност од 13-8. Во второто полувреме Јехона не дозволи Текстилец да го преземи водството, и забележа победа.
Најефикасни во тимот на Јехона беа Марковиќ, Илиески и Тасески со по шест гола, додека кај екипата на Текстилец најефикасен беше Ристов со девет гола.
(фото – Рк Јехона)📷