Екипата на Јехона продолжува со победите во Првата лига, откако на домашен терен падна екипата на Астраион со 37-26.
Јехона уште на полувреме имаше висока предност од 20-14. Во второто полувреме Јехона ја зголеми предноста против Астраион, за да се радува на победа.
Најефикасен во тимот на Јехона беше Мојсие Тасески со 12 гола, додека кај екипата на Астраион најефикасен беше Александар Цонев со 8 гола.
(фото – Рк Јехона)📷