Ракометарите на Јехона беа поуспешни во Свети Николе против тимот на Овче Поле, откако славеа со резултат 26-23 во Првата лига.
Тимот на Јехона на пауза водеше со 15-13. Во второто полувреме Овче Поле успеа да направи водство, но тимот на Јехона со пресврт славеше во Свети Николе.
Најдобар стрелец кај Јехона беше Мојсие Тасески со девет погодоци, додека кај Овче Поле најдобри стрелци беа Димитрија Крстев и Кристијан Стаменков со по четири погодоци.
(фото-Рк Јехона)📷