Тимот од Гостивар, Јехона за новата сезона се засили со двајцата повратници Адис Салиу и Мојсе Тасески.
Левиот бек Адис Салиу доаѓа од екипата на Кастриоти, додека Мојсе Тасески кој настапува на позицијата пикер доаѓа од екипата на Кичево 2020. Тасески и Салиу потпишаа договор на една сезона.
Екипата на Јехона подготовките за новата сезона ќе ги започне на 3 август во Гостивар.


(фото – Рк Јехона)📷