Екипата на Јехона во продолжението од сезоната ќе остане без многу важна ракометарка во своите редови.
Станува збор за ракометарката Елена Ѓорѓеска, која настапува на голманската позиција и која заминува од екипата на Јехона, која ќе студира во Словенија.
“Вечерва голманката на нашиот тим, Елена Ѓорѓеска, го имаше својот последен тренинг со ЖРК Јехона. Таа ќе ги продолжи студиите во Словенија, а можеби и ракометната кариера. И посакуваме многу успех на нејзиниот пат и ѝ благодариме за сè што даде за нашиот тим. Ќе ни недостигаат нејзините одбрани и интервенции”, – објавија од ЖРК Јехона.


(фото – ЖРК Јехона)📷