Екипата на Јехона забележа победа на гостувањето кај екипата на Скопје 2020 со минимални 34-33 во 5. коло од плеј-офот од Првата лига.
Иако на полувреме Јехона имаше водство од 20-14, сепак во второто полувреме мораше да се намачи за да триумфира против Скопје 2020.
Најефикасен во редовите на Јехона беше Адис Салиу со 17 голови, додека кај Скопје 2020 најефикасен беше Дарко Рангелов со 12 голови.
(фото – Рк Јехона)📷