Екипата на Јехона забележа победа на гостувањето кај екипата на Партизан Гевгелија со минимални 30-29 во Првата лига.
Иако составот на Партизан Гевгелија го имаше водството во првото полувреме, сепак Јехона се врати и на крај да слави победа во Гевгелија.
Најефикасен во редовите на Јехона беше Адис Салиу со 12 гола, додека кај Партизан Гевгелија најефикасен беше Илија Пејковски со 10 гола.
(фото – Рк Јехона)📷








