Екипата на Јехона се враќа со три бода од гостувањето во Ресен, кај екипата на Преспа, откако славеше со 29-22 во Првата лига.
Победата беше обезбедена уште на полувреме, кога Јехона имаше предност од 20-7. Второто полувреме беше само формалност Јехона да ја завери победата против Преспа.
Најефикасен во тимот на Јехона беше Дамјан Наумовски со десет гола, додека кај екипата на Преспа Вардар најефикасен беше Филип Шиклевски со шест гола.
(фото – Рк Јехона)📷