Екипата на Турингер стана шампион во Лигата на Европа, откако во финалето славеше против Икаст со 34-32.
По завршувањето на Ф4 турнирот беа прогласени најдобрите на овој турнир. За МВП и за најдобар стрелец прогласена беша Јоана Реихерт од екипата на Турингер.
Ракометарката Јоана Реихерт вкупно имаше 29 гола на Ф4 турнирот. Таа исто така на десет меча од Лигата на Европа постигна 110 гола.


(фото – ЕХФ)📷