Македонската ракометарка Јована Кипријановска го продолжи договорот со францускиот тим Ле Самбр Авенуа.
Десниот бек Кипријановска и тимот на Ле Самбр Авенуа се договорија за соработка на уште една сезона.
„Мојата прва година во странство привршува. Имаше подеми и падови, но се сеќавам само на позитивното. Ново искуство, нов тип на ракомет, нов дом за мене, учење француски, запознавање неверојатни луѓе… Сето ова ме направи подобар играч и подобра личност. Многу сум возбудена за следната сезона, со новите предизвици пред нас и нашиот нов тим. Очекувам успешна сезона и се надевам дека ќе го подигнеме трофејот во 2024 година! Се гледаме наскоро поддржувачи!” – изјави Јована Кипријановска.
(фото – ЖРК Ле Самбр Авенуа)📷