Јована Кипријановска потпиша за француски Ле Самбр Авенуа

Ракометарката на Куманово и репрезентативка на Македонија, Јована Кипријановска од следната сезона ќе има нов клуб, кариерата ја продолжува во Франција.

Таа потпиша договор со францускиот тим Ле Самбр Авенуа. Јована Кипријановска која има 20 години и настапува на позицијата десен бек со Ле Самбр Авенуа потпиша договор на две години.

Ле Самбр Авенуа се натпреварува во втората лига на Франција и е на третото место на табелата.

(фото – ЖРК Ле Самбр Авенуа)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести