Јованка Радичевиќ од следната сезона во екипата на Крим

Десното крило Јованка Радичевиќ која има 35 години на крајот од сезоната си заминува од Турција од екипата на Кастамону.

Таа заминува во Словенија, која потпиша договор со екипата на Крим за сезоната 2022/23. Јованка Радичевиќ претходно настапуваше за Вардар, Ѓер, Будуќност, ЦСМ Букурешт и Кастамону.

„Горди сме што Крим Меркатор е клубот во кој Јованка Радичевиќ ќе ја продолжи кариерата. Таа е квалитетна ракометарка која во Љубљана ќе се обиде да го надгради својот потенцијал. Составот на тимот за сезоната 2022/23 веќе ја доби својата прва форма. Јованка, добредојде во нашиот тим“,- изјави Деја Ивановиќ, спортски директор на Крим Меркатор.

(фото – ЖРК Крим Меркатор)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести