Екипата на Тиквеш ја очекува натпревар на гостински терен против тимот на Еурофарм Пелистер од 12. коло од Супер лигата.
Ракометарот на Тиквеш, Јован Даневски изјави дека неговиот тим ќе оди на позитивен резултат против Еурофарм Пелистер.
“Не очекува потежок натпревар од претходниот период, ќе имаме поголем предизвик. Добро знаеме колку е квалитетна екипата на Пелистер. Имавме низа победи последниот период, имаме позитивна атмосфера, фокусирани сме на натпреварот и со максимална посветеност одиме на позитивен резултат”, – изјави ракометарот на Тиквеш, Јован Даневски.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷