Романската репрезентативна голманка Јулија Думанска го продолжи договорот со екипата на Глорија Бистрица.
Таа со клубот го продолжи договорот на една сезона. Думанска претходно настапуваше за екипите на Подравка, Валчеа и Баја Маре, а настапува и за репрезентацијата на Романија.
„Кога се согласив да дојдам во Бистрица, ми кажаа што сакаат да постигнат овде. Денес тие работи се видливи. Глорија 2018 ги нуди сите услови за одличен настап и навистина посакувам заедно со тимот да го направиме тоа. Ви благодариме на сите за поддршката и довербата. Ајде Глорија”, – изјави Јулија Думанска.
(фото – ЖРК Глорија Бистрица)📷