Екипата на Јуниор Кисела Вода во завршницата го совлада тимот на Прилеп со резултат 27-26 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.
Јуниор Кисела Вода на полувреме обезбеди предност од 16-12. Во второто полувреме Јуниор Кисела Вода продолжи со водството, иако Прилеп на крајот од натпреварот имаше шанса за реми сепак не успеа да погоди и мораше да се задоволи со пораз.
Најефикасен во тимот на Јуниор Кисела Вода беше Стефан Крстевски со шест гола, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Христи Бикоски со осум гола.
(фото – Рк Јуниор Кисела Вода)📷