Ракометарите на Јуниор Кисела Вода го совладаа тимот на Работнички со убедливи 41-32 во последното коло од плеј-офот во Првата лига.
Јуниор Кисела Вода направи добра серија во првото полувреме и на пауза замина со 19-15. Во второто полувреме екипата на Јуниор Кисела Вода продолжи со добрата игра за на крај да го совлада Работнички.
Најефикасен кај екипата на Јуниор Кисела Вода беше Филип Димевски со девет погодоци, додека кај екипата на Работнички најефикасен беше Ѓорѓи Дука со 12 погодоци.
(фото-Рк Јуниор Кисела Вода)📷