Ракометарите на Јуниор Кисела Вода триумфираа на домашен терен против екипата на Голден Арт во Првата лига со конечни 30-25.
Првото полувреме се играше рамноправно за двете екипи, но при крајот на неколку секунди до полувремето Јуниор Кисела Вода дојде до водство од 15-14 и со водство замина на полувреме. Јуниор Кисела Вода уште на стартот од второто полувреме го презеде водството, екипата на Голден Арт немаше сили да возврати и мораше да се задоволи со пораз.
Најефикасен во составот на Јуниор Кисела Вода беше Дарио Симоноски со шест погодоци, додека кај екипата на Голден Арт најефикасен беше Симон Гучески исто така со шест погодоци.
Рк Јуниор Кисела Вода 30-25 Рк Голден Арт
(фото-Рк Јуниор Кисела Вода)📷