Јуниор Кисела Вода освои важни бодови против Вардар Неготино

Екипата на Јуниор Кисела Вода забележа важна победа против тимот на Вардар Неготино со минимални 30-29 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.

Тимот на Јуниор Кисела Вода со одлична одбрана и добар напад успеа да го совлада тимот на Вардар Неготино.

Најефикасни во тимот на Јуниор Кисела Вода беа Филип Петровски и Димитар Ристовски со по осум гола, додека кај екипата на Вардар Неготино најефикасен беше Лазар Адамовиќ со 11 гола.

(фото – Рк Јуниор Кисела Вода)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.