Составот на Јуниор Кисела Вода беше подобар против Драчево со резултат 28-23, и се пласира во осминафиналето во Купот на Македонија.
Јуниор Кисела Вода добро го отвори натпреварот, па до паузата обезбеди предност од 16-11. Во второто полувреме екипата на Драчево се обидуваше да се врати, но не доволно за победа.
Најефикасни во тимот на Јуниор Кисела Вода беа Иван Андреевски и Филип Петровски со по шест гола, додека кај екипата на Драчево најефикасен беше Ѓорѓи Дука со 11 погодоци.
(фото – Рк Јуниор Кисела Вода)📷