Ракометарите на Јуниор Кисела Вода забележаа победа против екипата на Драчево со 35-28 во плеј-офот во Првата лига.
Јуниор Кисела Вода одигра добро прво полувреме, и на пауза замина со предност од 18-15. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Јуниор Кисела Вода за на крај да слави во дербито против Драчево.
Најефикасен во екипата на Јуниор Кисела Вода беше Горан Печенковски со девет гола, додека кај екипата на Драчево најефикасен беше Александар Димовски со десет гола.
(фото-Рк Јуниор Кисела Вода)📷