Тимот на Јуниор Кисела Вода е на чекор пред враќање во Супер лига, откако на гостински терен ја совлада екипата на Младост 1977 Богданци со конечни 25-29.
Јуниор Кисела Вода добро го започна натпреварот и на пауза имаше предност од 9-13. Во второто полувреме Јуниор Кисела Вода продолжи со добрите игри, и на крај да слават во Богданци.
Најефикасен во составот на Јуниор Кисела Вода беше Игор Илиевски со девет погодоци, додека кај екипата на Младост 1977 Богданци најефикасен беше Митко Караиванов исто така со девет погодоци.
(фото-Рк Јуниор Кисела Вода)📷