Јуниор Кисела Вода

Јуниор Кисела Вода продолжува со победите во Првата лига, совладан Куманово

Ракометарите на Јуниор Кисела Вода триумфираа на домашен терен против екипата на Куманово со 22-18.

Составот на Јуниор Кисела Вода уште на почетокот од натпреварот го презеде водството, на полувреме водството беше од шест гола разлика 16-10. Во вториот дел од натпреварот Јуниор Кисела Вода без проблеми успеа да стигне до победата против Куманово во Првата лига.

Најефикасен во екипата на Јуниор Кисела Вода Горан Печенковски со пет погодоци, додека најефикасен во екипата на Куманово беше Виктор Петковски со три погодоци.

Рк Јуниор Кисела Вода 22-18 МРК Куманово

(фото-Рк Јуниор Кисела Вода)

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.