Ракометарите на Јуниор Кисела Вода забележаа сигурна победа против тимот на Радовиш со конечни 32-22.
Јуниор Кисела Вода од почетокот на натпреварот направи водство, па на пауза обезбеди предност од 16-9. Во второто полувреме Јуниор Кисела Вода ја зголемуваше предноста, па на крај да се радува на победа против Радовиш.
Најдобар стрелец во тимот на Јуниор Кисела Вода беше Филип Петровски со седум голови, додека кај екипата на Радовиш најдобар стрелец беше Томче Трајчевски со пет голови.
(фото – Рк Јуниор Кисела Вода)📷