Екипата на Јуниор Кисела Вода го означи почетокот на подготвките за вториот дел од сезоната 2022/2023.
Со ист ростер освен заминувањето на двајцата интернационалци Никола Матовиќ и Никола Митровиќ и едно домашно засилување Антонио Николовски, кој доаѓа од Еурофарм Пелистер 2, ќе биде императив тимот да обезбеди опстанок во Супер лигата.
Покрај тренинзите, во план се и неколку пријателски натпревари, исто така овде во Скопје.
(фото – Рк Јуниор Кисела Вода)📷