Рк Јуниор Кисела Вода

Јуниор Кисела Вода убедливо ја совлада екипата на Текстилец

Ракометарите на Јуниор Кисела Вода ја совладаа екипата на Текстилец во Првата лига со убедливи 30-19.

Екипата на Јуниор Кисела Вода уште во првото полувреме го превзеде водството на гостувањето во Штип, за на полувремето гостинската екипа да замини со седум гола разлика. Во второто полувреме екипата на Јуниор Кисела Вода продолжи со убедливо водство за на крај од Штип да си замине со нова победа и три бода.

Најефикасен во екипата на Јуниор Кисела Вода беше Горан Печенковски со осум погодоци, додека кај екипата на Текстилец најефикасен беше Александар Димитров со четири погодоци.

Рк Текстилец 19-30 Рк Јуниор Кисела Вода

(фото-Рк Јуниор Кисела Вода)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести