Тимот на Јуниор Кисела Вода забележа убедлива победа против тимот на Радовиш со 31-21 во плеј-аутот од Супер лигата.
Јуниор Кисела Вода од почетокот на натпреварот имаше водство, па тоа водство го сочува до крај.
Најефикасен во составот на Јуниор Кисела Вода беше Стефан Крстески со осум гола, додека кај екипата на Радовиш најефикасен беше Јакша Вјештица со девет гола.
(фото – Рк Јуниор Кисела Вода)📷