Љубиша Димковски: Верувам и сигурен сум дека Куманово има квалитетен тим

Машкиот ракометен тим на Куманово официјално ги стартуваше подготовките во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

Во пресрет на почетокот на подготовките на Куманово за новата сезона во Супер лигата своја изјава имаше и тренерот Љубиша Димковски.

“За разлика од мината година имаме промени во екипата во играчкиот кадар. Подмладен тим кој е базиран на македонски и домашни ракометари со едно интернационално засилување од Бразил. Машкиот ракометен шампионат оваа година е скратен и ќе биде многу посилен од минатата сезона каде ќе се обидеме да обезбедиме опстанок и ако ни се укаже шанса да влеземе и во ТОП 6 екипи во лигата. Поголемиот дел од играчите од минатата година успеавме да ги задржиме, мислам на поискусните и заедно со новите засилувања го комплетиравме ростерот. Верувам и сигурен сум дека имаме квалитетен тим со кој ќе можеме со секого да се надигруваме кога ќе стартува новиот шампионат”, – изјави шефот на стручниот штаб Љубиша Димковски.

(фото – МРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *