Селекторот на женската ракометна сениорска репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го објави скратениот список на ракометарки за Медитеранските игри.
Од списокот отпаднаа Сара Ристовска, Јована Мицевска, Леонида Гичевска, Драгана Петковска, Марија Штериова, Сања Дабевска, Моника Јанеска и Јована Саздовска.
Собирот е закажан на 13 јуни во 12:30 часот во хотелот Карпош во Скопје.

(фото – РФМ)📷








