Селекторот на женската репрезентација, Љубомир Савевски, го објави списокот на повикани ракометарки за ЕХФ неделата.
На списокот се повикани 18 ракометарки. Репрезентацијата ќе одигра два пријателски натпревари против Турција.
Натпреварите меѓу Турција и Македонија се играат во Анкара (Турција), а се закажани на 2 и 3 март. Собирот е закажан на 27 февруари со почеток од 12:30 часот во хотелот „Александар Палас“, во Скопје.

(фото – РФМ)📷