Љубомир Савевски го објави списокот од 16 ракометарки за Медитеранските игри

Селекторот на женската ракометна репрезентација, Љубомир Савевски, го објави списокот на ракометарки за настап на Медиранските игри кои ќе се играат во градот Оран (Алжир).

Повикани се 16 ракометарки за настапот на Медитеранските игри. Македонија за противници ги има репрезентациите на Србија, Турција и Португалија.

Состав на Македонија за Медитеранските игри:

ГолманкиМарија Јовановска, Матеа Чурлиновска 

Бекови: Андреа Седлоска, Сара Стефановска, Ангела Јанкуловска, Ива Младеновска, Јована Кипријановска, Ивана Арсениевска, Борјана Коцева, Бојана Коцева, Марија Јанкуловска

Крила: Сара Миновска, Теодора Дукоска, Емилијана Ризоска

Пивоти: Александра Коловска, Ивана Џатевска

(фото-РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести