Љубомир Савевски повеќе нема да биде предводник на Македонија!

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) излезе со соопштение дека спогодбено е прекината соработката со селекторот Љубомир Савевски.

Љубомир Савевски беше селектор на женската репрезентација на Македонија во период од јуни 2021 година до мај 2023 година.

“Ракометната Федерација на Македонија ја известува јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Љубомир Савевски, на 05 мај 2023 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на женските македонски ракометни категории. Љубомир Савевски ја извршуваше наведената функција во период јуни 2021 – мај 2023 година”, – стои во соопштението на РФМ.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести