Љубомир Савевски го објави списокот на кадетките за престојното Светско кадетско првенство во женска кадетска конкуренција.
На списокот повикани се 20 ракометарки. Првиот собир е на 10 јули во 11:00 часот пред канцеларијата на Ракометната федерација на Македонија. Светското првенство е закажано од 30 јули до 10 август.

(фото-РФМ)📷