Ќе се одржи хуманитарен натпревар помеѓу Тиквеш и Олимпијакос

Во петок (02.09.2022год.) во 18:00 часот во салата Јасмин во Кавадарци ќе се одржи хуманитарен пријателски натпревар помеѓу екипите на Тиквеш и Олимпијакос од Грција.

Средствата кои ќе бидат собрани се наменети за донација на ,,МАЛ ГРУПЕН ДОМ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ”.

“Почитувано Кавадарци, ГРК ТИКВЕШ 2014 во Петок, 02.09, со почеток во 18 часот, ќе одигра пријателски натпревар со екипата на РК Олимпијакос. Средствата кои ќе бидат собрани се наменети за донација на ,,МАЛ ГРУПЕН ДОМ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ”. Да ја покажеме нашата хуманост. Да подадеме рака онаму каде е најпотребно. Се гледаме во с.с. Јасмин, Кавадарци”, – стои во соопштението од Тиквеш.

(фото-ГРК Тиквеш 2014)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести