11 ракометари и тренерот Раде Стојановиќ го напуштаат Охрид

Екипата на Охрид објави дека дури 11 ракометари и тренерот Раде Стојановиќ го напуштаат тимот.

Покрај Раде Стојановиќ тимот го напуштаат: Мице Шилегов, Филип Николов, Мартин Ивановски, Филип Кривокапиќ, Славчо Шулески, Мартин Манасков, Михајло Младеновиќ, Николче Ристески, Филип Грубор, Јагош Брауновиќ и Даниел Ацев.

“ГРК Охрид ја известува јавноста дека 11 (единаесет) ракометари го напуштаат клубот по истек на договорот. Од следната сезона дресот на ГРК Охрид нема да го носат: Мице Шилегов, Филип Николов, Мартин Ивановски, Филип Кривокапиќ, Славчо Шулески, Мартин Манасков, Михајло Младеновиќ, Николче Ристески, Филип Грубор, Јагош Брауновиќ и Даниел Ацев. Клубот исто така го напушта и тренерот на екипата Радослав Стојановиќ”, – изјавија од ГРК Охрид.

(фото-ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести