Во новата сезона во Првата лига ќе настапуваат 20 екипи кои ќе бидат поделени во две групи, два клуба се враќаат на сцена, додека четири клубови се нови.
Нови клубови во Првата лига се: Мултиесенс (Алкалоид 2), Голден Арт 2, Ангели Волково, Бисинов Фруит, додека во Првата лига се враќаат и екипите на Риниа и Овче Поле.
Ждрепката за прволигашките групи ќе се одржи на 7 јули од 12:00 часот во просториите на Ракометната федерација на Македонија.
1 шешир: Аеродром и Младост 1977 Богданци
2 шешир: Драчево и Работнички
3 шешир: Металург РА и Јехона
4 шешир: Македонија Ѓ.П. и Астраион
5 шешир: Борец и Текстилец
6 шешир: Кичево 2020 и Преспа
7 шешир: Шампион и Партизан Гевгелија
8 шешир: Бисинов Фруит и Ангели Волково
9 шешир: Мултиесенс и Голден Арт 2
10 шешир: Овче Поле и Риниа
(Извор-24Ракомет)
(фото-Рк Металург РА)📷