Голден Арт го донираше приходот од дербито

Како и што беше најавено, приходот од продажба на влезниците на дерби натпреварот од првата лига помеѓу Голден Арт и Алкалоид, кој се одржа во март месец оваа година е дониран во младинскиот тим на ЖРК Стружанка.

“Струга долги години го негува ракометот и има со што да се пофали, а се однесува на ракометари кои играле на високо ниво и го носеле дресот со националниот грб. Наша цел како клуб и организација е да ги поддржиме тие млади ракометари да продолжат да работат и да сонуваат еден ден да играат на големата сцена. Ова е само мал придонес во таа насока. Голден Арт ќе продолжи и понатаму да дава поддршка во рамките на своите можности, со надеж дека ќе овозможиме подобри услови на секое дете во Скопје но и во внатрешноста да го развива својот талент и да се надградува во спортот кој го сака”, – Сашко Даев, Претседател на ракометниот клуб Голден Арт.

(фото-Рк Голден Арт)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.