Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовките за новата сезона

Со уште помлад состав од минатата сезона Еурофарм Пелистер 2 почнува трета сезона со Александар Јовиќ на клупата.

Со остварени цели во претходните две, екипата собра многу симпатии и се избори за европско место во квалификациите на Европската лига.

Тимот е во конструкција, но пак се потпира на млади македонски играчи. Единствен странец е младиот црногорски голман Василије Пичурица, кој дојде од Струга.

Подготовките ќе минат во две фази, во Битола и Маврово, а првиот официјален натпревар е за пет недели против Алпла Хард во Австрија.

Дојдоа: Мартин Ивановски (Охрид), Мартин Јовановски (Дансенберг), Василије Пичурица (Струга), Симон Мирчевски (Прилеп – крај на позајмица), Филип Гуцевски, Христијан Ристевски, Васко Мартиновски, Андреј Марковски (академија на клубот).

Заминаа: Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер), Благојче Трајкоски (Алкалоид), Димитар Димитриоски (Ваљадолид), Христијан Јовановски, Милан Ѓукиќ, Васко Димитровски (пензија).

План на подготовки за јули и август:

20 јули – старт на подготовки во Битола

Контролен натпревар: Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2

13-21 август – централна фаза на подготовки во Маврово (три контролни натпревари против Охрид и Вучитрн од Косово)

27/28 август – ЕХФ Лига Европа (прво квалификационо коло)

Алпла Хард – Еурофарм Пелистер 2

(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести