Александар Налетоски е нов ракометар на Голден Арт

Голден Арт ја комплетираше пивотменската позиција во клубот со ангажман на 23-годишниот Александар Налетоски, кој доаѓа од Јехона.

Налетоски е роден во Скопје, а своите почетоци во ракометот ги имаше во младинските селекции на Пролет, од каде е префрлен во првиот тим, а преку Шампион и Јехона во следната сезона ќе биде дел од пивотменската тројка на клубот, заедно со Давид Даев и Марко Трајковски.

(фото-Рк Голден Арт)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.