Екипата на Вардар 1961 ги започна подготовките за новата сезона, а приклучени се и двајца младинци во првиот тим.
Станува збор за пикерот Александар Стојменов и левото крило Марио Стојановски кои беа дел од репрезентацијата на Македонија на ЕХФ шампионатот во Варна.
“Меѓу новите лица што се појавија на првиот тренинг на Вардар се и младите Марио Стојановски и Александар Стојменов. Ќе тренираат со тимот и ќе се борат за место, а шанса за тренирање и докажување ќе добијат и некои други наши млади ракометари во текот на сезоната”, – изјавија од Рк Вардар 1961.

(фото – Рк Вардар 1961)📷