Претседателот Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски на вчерашниот тренинг (28.07.2022 год.) во спортската сала Автокоманда ги посетија кадетките кои се на припреми за претстојниот ракометен Мундијал кој ќе се одржува во Скопје од 30.07 до 11.08.2022 година.
Кадетската репрезентација и Селекторот Савевски после припремната етапа која ја одработи во Маврово, последните тренинзи во пресрет на Мундијалот ги одработува во Скопје , а Претседателот Мукаетов ги поздрави, изрази поддршка и им посака успех во натпреварувачкиот период на Мундијалот.
Кадетскиот ракометен Мундијал во женска конкуренција (U18) кој ќе се одржува во Скопје е прв од натпреварувачки формат со 32 учесници, претходниот кој беше предвиден беше откажан во 2020-та година во Р. Хрватска поради пандемијата. Mакедонската кадетска репрезентација е дел од групата Б заедно со селекциите на Сенегал, Иран и Узбекистан и ќе настапува во СЦ „Борис Трајковски“, влезот е слободен и со следниот распоред:
Македонија – Сенегал, 30.07.2022 год. (20:30 ч.)
Макдонија – Узбекистан, 31.07.2022 год. (20:30 ч.)
Македонија – Иран, 02.08.2022 год. (20:30 ч.)
(фото-РФМ)📷