Оливие Њокас потпиша за Олимпијакос

Францускиот лев бек Оливие Њокас во новата сезона ќе го носи дресот на грчкиот тим Олимпијакос.

Оливие Њокас освен за Вардар 1961 има настапувано и за Балинген, ПСЖ, Кретеј и тимот на Нант.

„Многу сум возбуден што сега припаѓам на една од најголемите спортски организации во светот, со успеси во сите спортови. Голема чест е да се биде овде во Олимпијакос и се надевам дека ќе постигнеме големи работи оваа сезона. Не сакам да зборувам многу, никогаш не сум зборувал, но навистина верувам дека можеме да направиме големи работи. Минатата година тимот го освои шампионатот, ќе се бориме да го задржиме ова првенство. Сакам да му кажам на светот дека едвај чекам да ја доживеам оваа жешка атмосфера што ја создаваат навивачите. Знам, од фудбал и кошарка, колку се големи нашите навивачи. Едвај чекам да живеам во Грција“, – изјави Оливие Њокас.

(фото-Рк Олимпијакос)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести