Реми помеѓу Македонија и Шведска

Кадетките на Македонија одиграа реми помеѓу кадетките на Шведска со конечни 20-20 во рамките од првото коло од главната фаза на Светското првенство.

Во првото полувреме Македонија го презеде водството и на пауза замина со предност од 12-10. Во второто полувреме се играше гол за гол, на неколку секунди до крајот Шведска имаше водство од 20-19, но Македонија со голот на Дукоска успеа да израмни за конечни 20-20.

Најефикасна во составот на Македонија беше Ива Младеновска со пет погодоци, а Јовановска на голот имаше 11 одбрани.

(фото-РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести