Тимот на Бутел Скопје официјално ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона 2022/23. На првата прозивка, тренерот Кристијан Грчевски на своите избраници им ги претстави плановите за новата сезона, во која клубот ќе игра и на европска сцена.
Дел од подготовките ќе се одвиваат во Пехчево, од 10 до 15 август, пред настапот на Струшкиот турнир од 16 до 20 август. Потоа ќе бидат одиграни уште неколку пријателски средби пред стартот на Супер лигата.
(фото-Рк Бутел Скопје)📷