Јехона се засили со младиот ракометар Давор Стојкоски

Прволигашот Јехона го крои составот за новата сезона во Првата лига, откако се засили со млад ракометар во своите редови.

Станува збор за Давор Стојкоски кој е роден 2004 година и настапува на позицијата лево крило.

Стојкоски почетоците ги направи во школата на Јехона, потоа замина во екипата на Бутел Скопје и играше со кадетите во последните две години, а сега одново се враќа во својот тим.

(фото-Рк Јехона)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести